Како меѓународна организација, НАТО се карактеризира со разновидност. Луѓе од различно потекло и култури, стилови на работа и начини на размислување работат тука. Ова се рефлектира во програмата за стажирање на Алијансата, која нуди можности во различни области, вклучувајќи ги комуникациите, финансиите, човечките ресурси, меѓународните односи, информатичката технологија, правото и политичките науки. 16-тиот циклус на програмата беше отворен на 16 април 2018 година за позиции во 2019 година. Студентите треба редовно да го следат официјалниот портал на НАТО бидејќи секојдневно ќе се објавуваат нови позиции и работни места. Секое работно место ќе биде отворено 4 недели.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.nato.int/cps/en/natolive/71157.htm