НАТО објави дека протерa седум руски дипломати и ja откажува акредитацијаta на уште три лица, како дел од „широкиот, силен и координиран“ меѓународен одговор за нападот со нервен гас врз поранешниот руски двоен агент и неговата ќерка во Британија, објави Глас на Америка.

„Ја повлеков акредитацијата на седуммина вработени во руската мисија во НАТО. Исто така ќе го откажам и барањето за акредитација на уште три лица“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Ова ќе испрати јасна порака до Русија дека ќе има последици за нивниот „неприфатлив“ начин на однесување.“

Столтенберг истакна дека Северноатлантскиот совет, исто така, ја намали големина на руската мисија во НАТО на 10 од вкупно 20 лица.

Овој потег следеше по мерките на САД како и повеќе од 20 други европски земји, кои ја обвинија Русија за нападот.

„Нашите активности ја одразуваат сериозната загриженост за безбедноста изразена од сите сојузници и се дел од координираните меѓународни напори да одговорат на однесувањето на Русија“, рече генералниот секретар на НАТО. „Денешната одлука не ја менува политиката на НАТО кон Русија.“