Олта Џачка, министерката за одбрана на Албанија во рамките на посетата на САД се сретна со Џејмс Матис, секретарот за одбрана на САД. Секретарот Матис и посака добредојде на албанската министерка и притоа ги потврди силните одбрамбени односи меѓу САД и Албанија.

Секретарот Матис го пофали значајниот придонес на Албанија за глобалните операции, вклучувајќи ги и 300 лица кои служат во 4 големи операции на НАТО. Истовремено се заблагодари на министерката Џачка за силното водство на Албанија во Западен Балкан и за нејзините напори да се спротивстави на руското злонамерно влијание на регионот.

Секретарот Матис истовремено го пофали неодамнешното зголемување на трошоците за одбрана од страна на Албанија.