Средба во НАТО: БИХ оствари значајни и одлучни чекори во процесот на приближување кон евроатланските интеграции

Претседателот на претседателството на БИХ Бакир Изетбеговиќ оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со кои беа разменети мислења во однос на ситуацијата во БИХ на кој беше констатирано дека земјата оствари значајни и одлучни чекори во процесот на приближување кон евроатланските интеграции.

На средбата беше потенцирано дека политичките односи и практичната соработка помеѓу Босна и Херцеговина и НАТО е на завидно ниво.

Во рамки на посетата на Брисел претседателот Изетбеговиќ оствари средба и со амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија во рамки на НАТО.